Банките во земјава се ликвидни и стабилни. На пазарот на пари довербата меѓу пазарните учесници се уште е на високо ниво, а каматните стапки и натаму имаат тренд на надолно движење, оцени Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на РМ. Најновите податоци за еврозоната покажаа пад на економската активност во првиот квартал, а рецесијата најверојатно ќе продолжи и во второто тримесечје од годината. Сепак, согласно со најновите оцени на ЕЦБ, се очекува дека реалниот БДП ќе закрепне во втората половина од годината, главно како резултат на позитивното влијание на извозот, поттикнат од постепениот раст на надворешната побарувачка, пред се во САД. Исто така, поволно влијание врз домашната побарувачка се очекува и од поддршката од страна на монетарната политика и напредокот во однос на фискалната консолидација.
Банките во земјава се ликвидни и стабилни.
На пазарот на пари довербата меѓу пазарните учесници се уште е на високо ниво, а каматните стапки и натаму имаат тренд на надолно движење, оцени Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на РМ.
- Најновите податоци за еврозоната покажаа пад на економската активност во првиот квартал, а рецесијата најверојатно ќе продолжи и во второто тримесечје од годината. Сепак, согласно со најновите оцени на ЕЦБ, се очекува дека реалниот БДП ќе закрепне во втората половина од годината, главно како резултат на позитивното влијание на извозот, поттикнат од постепениот раст на надворешната побарувачка, пред се во САД. Исто така, поволно влијание врз домашната побарувачка се очекува и од поддршката од страна на монетарната политика и напредокот во однос на фискалната консолидација - стои во извештајот од НБРМ.
Во однос на привремениот висок раст на цените во април, од НБРМ сметаат дека тоа се должи на делумно пренесените ефекти од поплавите. Имајќи ги предвид најновите макроекономски и пазарни показатели, на седницата на Комитетот беше одлучено максималната каматна стапка на благајничките записи да се задржи на нивото од 3,5%, а на аукцијата да се понудат благајнички записи на ниво на достасаниот износ (24.020 милиони денари).